Поддршка од Меѓународната финансиска корпорација - ИФЦ на заложбите на Народната банка во доменот на т.н. зелени финансии
- Меѓународната финансиска корпорација - ИФЦ ги поддржува заложбите на Народната банка во доменот на т.н. зелени финансии, било порачано на работната средба на Гувернерката на Народната банка,
Скопје, 26 јуни 2021 (МИА) - Меѓународната финансиска корпорација - ИФЦ ги поддржува заложбите на Народната банка во доменот на т.н. зелени финансии, било порачано на работната средба на Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска со Ари Наим, регионалниот раководител за Централна и Југоисточна Европа на оваа корпорација – членка на Групацијата на Светската банка, на која, меѓу другото, се разговарало и за макроекономската состојба и за состојбата во финансискиот систем.
На состанокот, гувернерката, како што информираат од нејзиниот кабинет, истакнала дека најновите податоци за стабилноста на банкарскиот систем остануваат поволни, а дека кредитната поддршка за граѓаните и компаниите продолжува со солиден раст од околу шест проценти. Притоа, таа нагласи дека согласно со новиот среднорочен Стратегиски план на Народната банка, во сферата на финансискиот систем ќе се стави поголем акцент на поддршката на финансирањето на т.н. зелени проекти, кои ќе помогнат во процесот на трансформација на економијата.
Во оваа насока, Народната банка неодамна спроведе и анкета за да се процени во колкава мера банките финансираат зелени проекти и да се разгледаат можностите за натамошно поттикнување.
Регионалниот раководител на ИФЦ, Наим, како што се вели во соопштението, истакнал дека е од големо значење одржувањето на стабилноста на банкарскиот систем и дека ги поддржува заложбите на Народната банка во доменот на зелените финансии. Притоа истакна дека ИФЦ останува посветена на финансирањето проекти кои ќе го поддржат растот на македонската економија, вклучително и на зелените проекти, кои ќе овозможат и постепена трансформација на економијата. аа/са/