• сабота, 23 ноември 2024

Поддршка од Македонската секција на ФИПРЕСЦИ за Манчевски

Поддршка од Македонската секција на ФИПРЕСЦИ за Манчевски

Скопје, 23 август 2023 (МИА) - Македонската секција на Меѓународната федерација на филмски критичари - ФИПРЕСЦИ денеска соопшти дека се придружува кон поддршката за македонскиот режисер Милчо Манчевски од Филмскиот фестивал Венеција и од Централата на ФИПРЕСЦИ.

-Сакаме да ја изразиме нашата поддршка за Манчевски како проминентен укажувач на корупција на највисоко ниво. Го осудуваме прогонот против Манчевски со цел тој да се замолкне и да се спречи да работи во Македонија, се вели во соопштението на Македонската секција на Меѓународната федерација на филмски критичари - ФИПРЕСЦИ.

Оттаму укажуваат дека ова е пример со којшто се нанесува далекусежна штета не само на филмската дејност туку и на целата култура воопшто.

-Ова е пример на заробена институција која се инструментализира за прогон врз автори, со што се нанесува далекусежна штета не само на филмската дејност ами и на целата култура воопшто. Сметаме дека е недозволиво да се компромитира македонската култура на меѓународен план на овој начин. Македонската секција и во иднина ќе продолжи да осудува кога некој автор или други професионалци во филмската дејност ќе бидат институционално прогонети или стигматизирани, се посочува во соопштението. бт/ев/

Остани поврзан