• сабота, 16 ноември 2024

Поддршка од „Еуримаж“ за македонските копродуценти

Поддршка од „Еуримаж“ за македонските копродуценти

Скопје, 27 март 2024

Паневропскиот филмски фонд „Еуримаж“ додели финансиски средства за 26 проекти од вкупно 76 пријавени на сесијата која неодамна заврши. 

„Оваа сесија ја одбележа шпанската кинематографија со вкупно 10 пријавени проекти, од кои 6 добија финансиска поддршка. Ако се има предвид дека секој пријавен проект во Еуримаж има потврдена национална финансиска поддршка ова навистина е респектабилен буџет за филмски проекти и тоа само за една сесија“ – изјави Националниот претставник Тања Ќурчинска Пепељугоска по завршување на 171та сесија. 

„Мартовската сесија ја одбележа и родовата еднаквост, која изразена во статистика покажува дека од вкупно 26 поддржани проекти 14 се на режисерки, односно 54% од проектите се под женската режисерска палка. А до колку ги анализираме доделените средства, 61% од вкупниот мартовски буџет припаѓа на овие 14 проекти во режија на жените режисерки. 

Еуримаж е пред остварување на зацртаната цел за подеднаква распределба на средствата меѓу мажите и жените режисери“.

Проектот „Бело се пере на 90“ во режија на словенечкиот режисер Марко Небершник доби поддршка во износ од 149.000 Евра. Во овој проект учествуваат голем број копродуценти од Словенија, Италија, Србија, БиХ, Црна Гора, а од Република Северна Македонија копродуцент е „Црна Мачка“ од Скопје. 

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуримаж од своето основање во 1989 година до денес поддржал 2.464 копродукциски проекти со вкупен буџет од околу 701 милиони Евра.

Татјана Курцинска Пепељугоска

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан