Поддршка за Кондовски од партијата за движење на Турците
- Партијата за движење на Турците упати јавна поддршка за Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Општина Битола од СДСМ и коалициските партнери.
![Поддршка за Кондовски од партијата за движење на Турците](https://new.mia.mk/index.php/images/20221108212424_big_730x400_96.webp )
Битола, 29 октомври 2021 (МИА) - Партијата за движење на Турците упати јавна поддршка за Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Општина Битола од СДСМ и коалициските партнери.
Од партијата соопштија дека на средбата со кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски ја искажале поддршката за вториот круг од локалните избори.
-На средба со Кондовски ја потенциравме важноста на духовните вредности на градот Битола кои се доста значајни за турската заедница, а исто така разгледавме решенија и проекти кои би се реализирале во следните четири години, изјави по средбата претседателот на Партијата за движење на Турците и пратеник во македонското Собрание, Енес Ибрахим.
Кондовски посочи дека со партијата за движење на Турците разговарале за проекти кои ќе го унапредат животот на сите заедници во космополитска Битола.мт/бт/
![thumbnail_1 (1)](/articles/images/%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b4%d1%80%d1%88%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%ba%d/CNHaZ0COw/placeholder.webp?use_watermark=0)