Поддржувачите на Таравари со декларација ја потврдија коалицијата со албанската опозиција
- Седумдесет и пет претставници на централното собрание денеска во Куманово му дадоа поддршка на лидерот на АА Арбен Таравари за коалиција со албанската опозиција, изјави вечерва Блерант Рамадани по завршувањето на состанокот на Централното собрание, со претседателот на партијата.
Куманово, 9 февруари 2024 (МИА) - Седумдесет и пет претставници на централното собрание во Куманово му дадоа поддршка на лидерот на АА Арбен Таравари за коалиција со албанската опозиција, изјави синоќа Блерант Рамадани по завршувањето на состанокот на Централното собрание, со претседателот на партијата АА.
- Како што и вие бевте сведоци сега се реализираше состанок со претставници на централното собрание каде беа присутни 75 претставници на централното собрание и сите едногласно гласаа и потпишаа исто така за да му дадат целосна поддршка на претседателот да ја реализира оваа коалиција со албанската опозиција, сѐ со цел еднаш после 20 години ДУИ да помине во опозиција, рече Рамадани.
Во изјавата Рамадани потсети на иницијативата иницирана од претставници на централното собрание каде преку декларација му се дава поддршка на претседателот Таравари за коалиција со албанските политички партии, со цел како што рече, ДУИ да биде опозиција. Втората точка од декларацијата, додаде, е давање поддршка на претседателот, партијата после изборите да биде проевропска и во насока на политиките на САД.
Втората точка од средбата била реализација на состанок со централното раководство. Рамадани додаде дека Алијанса на Албанците има 29 членови на централно раководство, а денеска биле присутни 17 кои едногласно ја прифатиле иницијатива на претседателот и му дале поддршка. На состанокот била избрана и Бујаре Абази за шеф на штаб на Алијанса на Албанците.
-Во момент кога се одбира избирачки или се одбира шеф на штабот и шефови на штабови по единици за гласачки единици значи оттогаш престанува со функционирање централното раководство, рече Рамадани, појаснувајќи дека на овој начин се става во мирување.
Одговарајќи на новинарски прашања Рамадани истакна дека во сабота може да има само собир, бидејќи е помал процентот во однос на оние кои денеска кои потпишале.
-Не завршува туку се става во мирување. Во сабота тоа што ќе се случи може да биде само собир од евентуално 45 посто од оние што не потпишаа денеска. Значи демократија знаеме дека мнозинство одлучува. Е сега одлуката на 45 посто и сите да бидат присутни не може да влијае на одлуката, кажа Рамадани.
Тој појасни дека 85 лица се потпишани на изјавата, а денеска биле присутни 75.
-Претседателот во изјавата кажа дека стварно овие денови имаше притисоци. Вие знаете дека има и отпуштање на луѓе кои се на работни позиции по договор. Тоа е неетички и неморално, рече Рамадани. ам/цр
Фото: МИА