• сабота, 23 ноември 2024

Подготвителна седница на РКЕ за одземање на лиценцата на БЕГ за производство на топлинска енергија

Подготвителна седница на РКЕ за одземање на лиценцата на БЕГ за производство на топлинска енергија
Скопје, 17 јуни 2022 (МИА) - Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска има подготвителна седница на која се разгледува Предлог-одлуката за укинување на лиценцата за производство на топлинска енергија на Балкан енерџи груп (БЕГ). -Се очекува следната недела да се закаже главна седница главна седница на која ќе бидат донесени конечни одлуки за одземање на лиценцата за производство на топлинска енергија на Балкан енерџи груп, изјави за МИА Марина Узунов, портпарол на РКЕ. Можноста за одземање на лиценцата на БЕГ минатата недела ја најави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. сст/лв/

Остани поврзан