• четврток, 26 декември 2024

Подарени мартинки за среќа во Кавадарци

Подарени мартинки за среќа во Кавадарци
Кавадарци, 1 март 2022 (МИА) - Секој први Март, во чест на мистериозната Баба Марта и доаѓањето на пролетта, се плетат уникатни мартинки, едни од омилените модни додатоци на младите. Традиционално, се подаруваат во Кавадарци, така беше и денеска. - Ксантика означува светлина т.е. божица на цвеќињата, на љубовта и убавината, во која бил заљубен богот Македон. Имено, мартинките се бразлетни направени од црвена и бела волница, исплетена на различни начини. Мартинките освен како бразлетни, можат да се прикачуваат и на облеката, се носат како приврзоци од први март, па се до расцветувањето на првото дрво како предвесник на пролетта, појаснија од Музеј галерија Кавадарци. Оттаму потсетија на верувањето, дека мартинката на крај  треба да се закачи на дрво, со желби за добро здравје. - Мартинките се направени од две бои, белата ја симболизира чесноста и невиноста, додека црвената светлината и љубовта во животот. По овој повод, бевме посетени од  дечињата од градинката ЈУДГ "Буба Мара" со нивните наставнички, ни подарија мартинки и ни го разубавија денот, информираа од Музејот. свд/цр

Остани поврзан