• петок, 27 декември 2024

Погребна церемонија на принцот Филип, едноминутно национално молчење

Погребна церемонија на принцот Филип, едноминутно национално молчење
Лондон, 17 април 2021 (МИА) – Во капелата на замокот Виндзор во тек е погребот на принцот Филип, кој самиот го испланирал до најситни детали. Кралицата Елизабета Втора ќе се збогува со својот сопруг, со кого помина 73 години, во тесен круг на роднини, и во согласност со сегашните епидемиолошки мерки во Велика Британија. Принцот Филип почина на 99-годишна возраст во замокот Виндзор, по краток период на лошо здравје, поради што мораше да биде хоспитализиран неколку недели. epa09141566 A handout picture provided by the British Ministry of Defence (MOD) shows Service Chiefs at the funeral of The Duke Of Edinburgh at Windsor Castle, in Windsor, Britain, 17 April 2021. More than 730 members of Armed Forces personnel have taken part in the funeral ceremony at Windsor Castle. Britain's Prince Philip, the Duke of Edinburgh, has died on 09 April 2021 aged 99.  EPA-EFE/Sgt Jimmy Wise/HANDOUT MANDATORY CREDIT: MOD/CROWN COPYRIGHT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES Во шест часот наутро, ковчегот со телото на принцот беше преместен од приватната капела во салата, од каде започна поворката. Луѓето, кои не учествуваат во поворката, заминаа кон капелата нешто по девет часот. Телото на принцот беше положено на автомобил што тој самиот го дизајнирал и беше пренесено на местото за почивање. Капелата Свети Ѓорѓи е местото каде што се собираат учесниците на поворката, меѓу кои принцовите Чарлс, Вилијам и Хари, кој дојде без неговата сопруга Меган Маркл. Меѓу членовите на семејството и гостите кои не учествуваат во поворката се војвотката од Корнвол, Камила, принцезата Јуџини, Кејт и Зара и други членови на кралското семејство. epa09141559 A handout picture provided by the British Ministry of Defence (MOD) shows Royal Marines Bearer Party carrying the Duke of Edinburgh's coffin on the steps of St George?s Chapel at Windsor Castle, in Windsor, Britain, 17 April 2021. More than 730 members of Armed Forces personnel have taken part in the funeral ceremony at Windsor Castle. Britain's Prince Philip, the Duke of Edinburgh, has died on 09 April 2021 aged 99.  EPA-EFE/Dave Jenkins/HANDOUT MANDATORY CREDIT: MOD/CROWN COPYRIGHT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES Поворката стигна до капелата во 9.53 часот, каде што во 10 часот се одржа национално едноминутно молчење. Архиепископот од Кантербери ќе ја води службата, а гостите, вкупно 30, ќе седат со почит на оддалеченост од два метра, со маски. Хор од само четири члена ќе ги пее делата избрани од војводата од Единбург. На крајот на службата, телото на принцот ќе биде сместено во кралската крипта во капелата. На ковчегот на принцот е положен неговиот личен грб, морнарска капа, меч и венец со цвеќиња. ссм/паг/    

Остани поврзан