• среда, 18 декември 2024

Погребан министерот за надворешни работи на Иран Хосеин Амир Абдолахиан

Погребан министерот за надворешни работи на Иран Хосеин Амир Абдолахиан

Техеран, 23 мај 2024 (МИА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан, денеска беше погребан во храмот „Шах Абдул Азим“ на југот на провинцијата Техеран, јавува агенцијата Анадолија.

По комеморацијата во зградата на Министерството за надворешни работи, телото на Абдолахиан беше пренесено во храмот во градот Реј, јужно од иранската престолнина Техеран.

Присутните на погребот скандираа антиамерикански и антиизраелски пароли.

Хеликоптерот во кој се наоѓаа иранскиот претседател Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, гувернерот на Источен Азербејџан Малик Рехмати и имамот на градот Табриз, ајатолах Ал-Хашем, се урна во неделата при враќање од церемонијата на отворање на брана на границата со Азербејџан. Подоцна беше потврдено дека во несреќата нема преживеани.

Мохамад Мокбер, првиот потпретседател на Иран, е именуван за вршител на должноста претседател во понеделникот по смртта на Раиси. ссм/

Остани поврзан