• петок, 27 декември 2024

Погребан британскиот принц Филип

Погребан британскиот принц Филип
Лондон, 17 април 2021 (МИА) – Британскиот принцип Филип попладнево е погребан во капелата на замокот Виндзор. Кралицата Елизабета Втора се збогува со својот сопруг, со кого помина 73 години, во тесен круг на роднини, и во согласност со сегашните епидемиолошки мерки во Велика Британија. Принцот Филип почина на 99-годишна возраст во замокот Виндзор, по краток период на лошо здравје, поради што мораше да биде хоспитализиран неколку недели. Во шест часот наутро, ковчегот со телото на принцот беше преместен од приватната капела во салата, од каде започна поворката. Луѓето, кои не учествуваа во поворката, заминаа кон капелата нешто по девет часот. Телото на принцот беше положено на автомобил што тој самиот го дизајнирал и беше пренесено на местото за почивање. Капелата Свети Ѓорѓи е местото каде што се собраа учесниците на поворката, меѓу кои принцовите Чарлс, Вилијам и Хари, кој дојде без неговата сопруга Меган Маркл. Би-Би-Си објави дека во капелата, принцовите Хари и Вилијам седат еден спроти друг, односно Хари седи сам од едната страна, додека Вилијам седи со сопругата и децата. Меѓу членовите на семејството и гостите кои не учествуваа во поворката се војвотката од Корнвол, Камила, принцезата Јуџини, Кејт и Зара и други членови на кралското семејство. Поворката стигна до капелата во 9.53 часот, каде што во 10 часот се одржа национално едноминутно молчење. Церемонијата на погребот беше предводена од деканот на Виндзор, Дејвид Конер, а благословот го даде архиепископот од Кантербери, Џастин Велби. Конер рече дека „долгиот живот на Филип бил благослов за сите“ и дека луѓето биле „инспирирани од лојалноста на Филип кон кралицата, службата на нацијата и Комонвелтот, од неговата храброст, цврстина и верба“. Архиепископот Велби прочита дел од евангелието на Јован, цитирајќи го Исус Христос: „Јас сум воскресението и животот. Оној што верува во мене ќе живее. Кој живее и верува во мене, никогаш нема да умре". Гостите, вкупно 30, седеа на оддалеченост од два метра, со маски. Хор од само четири члена ги пееше делата избрани од војводата од Единбург. На крајот на службата, телото на принцот беше сместено во кралската крипта во капелата. На ковчегот на принцот е положен неговиот личен грб, морнарска капа, меч и венец со цвеќиња. паг/ epa09141640 A handout photo made available by the British Ministry of defense shows  a single round of a gun salute that was fired at 1500, followed by a single round at 1501 to begin and end the National Minute Silence immediately before the funeral service of Britain's Prince Philip, The Duke of Edinburgh, at Edinburgh Castle in Edinburgh, Scotland, Britain, 17 April 2021. The Armed Forces conducted a Ceremonial Gun Fire at nine locations to begin and end the National Minute Silence immediately before the funeral service.  Britain's Prince Philip, the Duke of Edinburgh, has died on 09 April 2021 aged 99 and his funeral will take place in Windsor on 17 April.  EPA-EFE/CPL NATHAN TANUKU RLC / MOD / HANDOUT MANDATORY CREDIT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES      

Остани поврзан