• четврток, 26 декември 2024

Поголемиот дел од Штип вода за пиење ќе добие во ноќните часови

Поголемиот дел од Штип вода за пиење ќе добие во ноќните часови
Штип, 6 ноември 2020 (МИА) - Голем дефект на главната водоводна линија во близина на Филтер станица го остави поголемиот дел на градот, но и индустриските зони без вода за пиење. Валериј Спасов, раководител на работната единица „Водовод и канализација“ во ЈП „Исар“ вели дека на дефектот работат екипи со градежна механизација, а нормализирање со водонсбдувањето се очекува во текот на ноќните часови, кога постепено ќе пристигнува водата за пиење до домаќинствата. - Како една од причините за настанатиот дефект е и претходното стопирање на водоснабдувањето поради дефектот на турбината за озонирање на водата и целосното празнење на системот за водоснабдување. Факт е и дека самата линија е стара 40 години, вели Спасов. Забележува дека еден ваков дефект се отстранува околу осум часа, а водоснабдувањето низ населбите се нормализира за околу три до четири часа. Во Штип денеска без вода за пиење остана населбите Баби, Осми Ноември, Пребег, Ново Село, Железничка, Сењак, Дузлак, централното градско подрачје, Три Чешми и сите индустриски зони. вдј/мс/

Остани поврзан