• сабота, 28 декември 2024

Поглед на „Кристалното Око“ на Канада

Поглед на „Кристалното Око“ на Канада
Отава, 6 април 2022 (МИА) - Во северен Квебек на канадскиот Арктик се наоѓа речиси совршен кружен кратер, полн со кристално чиста вода, којшто според наводите, може да се види и од Вселената. Тоа е кратерот Пингалуит - познат како „Кристалното Око“ на областа Нунавик. Кратерот се обликувал кога метеор удрил во Земјата пред 1,4 милиони години, што го прави едно од најстарите езера на западната хемисфера. Во кратерот може да се најдат слоеви седимент стари стотици илјади години, а тој е полн со фосили и органски материи кои кријат траги од историски климатски промени, а можеби дури и загатки за идните климатски промени и животната средина. Пингалуит е именуван по инуитскиот збор за „дамка“. Опкружен со површина осветлувана од Месечината, исполнет со вода, а покриен со мраз девет месеци годишно, кратерот Пингалуит е едно од најдлабоките езера во Северна Америка (400 метри). Обрачот на кратерот се издига на околу 160 метри над околното земјиште и тоа го прави највисоката точка во областа. Кратерот е едно од најпроѕирните езера во светот, со видливост до 35 метри. На оваа бистрина влијаат неколку фактори: реки и потоци не се влеваат во езерото, се губи само со испарување, поголемиот дел од годината е покриена со мраз, а најблиската човечка населба е околу 100 километри западно од кратерот. Единствениот вид риба што живее во езерото е езерската златна рипка. Како оваа риба дошла до езерото е „неодговорена мистерија“, бидејќи во него не се влеваат реки и водата се полни исклучиво од дожд и снег.  си/

Остани поврзан