• четврток, 19 декември 2024

Поглаварот на ИВЗ, Фетаи упати честитка на по повод Рамазан (Фитр) Бајрам

Поглаварот на ИВЗ, Фетаи упати честитка на по повод Рамазан (Фитр) Бајрам

Скопје, 9 април 2024 (МИА) - По повод утрешниот празник Рамазан (Фитр) Бајрам честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ, реисул улема, Шаќир Фетаи, со желби и „молејќи го Семоќниот Алах со Својата милост да ни ги прифати сите наши молитви, нашиот пост и сите наши дела направени за време на светиот месец“. 

-Во овие празнични денови на Бајрам, ќе му се заблагодариме на Возвишениот Алах за тоа што ни овозможи да го постиме Рамазан и за благодатите што ни ги подарил. Но, да не заборавиме: во нашето славење и радост да ги вклучиме и сите луѓе кои имаат наша потреба: сиромашните, бездомниците, сирачињата, но и нашите исламски институции. Затоа, на крајот на Рамазан, сме задолжени со давање на садакатулфитр, за што Мухамед алејхи селам рекол дека со давање на садакатулфитр го прочистуваме нашиот пост. Исто така, со давањето на Фитр ги зајакнуваме институциите кои се одговорни за исламските учења и кои помагаат на луѓето кои имаат потреба од помош, вели во честитката Фетаи. 

На овој радосен и среќен ден на Фитр Бајрам, посочува поглаварот Фетаи, со чисти срца се обраќаме кон Семоќниот Алах за да ни даде сила на иманот, да ни даде храброст за опростување и помирување, да ни даде насмевка со другите, да ги отвориме патиштата на надежта за иднината, да бидеме цврсти во нашето патување да негуваме уште посветла сегашност и иднина, со која ќе ги правиме среќни и сиромашните, сираците, луѓето кои имаат проблеми, така да, денес и секогаш во животот да бидеме среќни и радосни, а пред сè - благодарение на Возвишениот Алах. 

-Го молиме Возвишениот Алах да ни ги прифати сите добри дела и молитви што сме ги направиле за време на месецот Рамазан. Го молиме Возвишениот Алах да престанат сите вооружени конфликти во светот, да владее мир насекаде, бидејќи само во мир човештвото може да оди напред кон нови случувања, за доброто на сите луѓе, без разлика на раса, пол, вероисповед или етничка припадност. Браќа и сестри! Каде и да сте, дозволете ми, во име на Исламската верска заедница, нејзините органи, нејзините образовни институции и во мое лично име, да упатам искрени честитки, молејќи го Семоќниот Алах со Својата милост да ни ги прифати сите наши молитви, нашиот пост и сите наши дела направени за време на месецот Рамазан. Нека вие е честит Фитр Бајрам, се истакнува во честитката на поглаварот на ИВЗ Фетаи.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани на Република Северна Македонија. фф/са/

Фото: ИВЗ

Остани поврзан