• сабота, 28 декември 2024

Поглаварот на ГПЦ пуштен од болница

Поглаварот на ГПЦ пуштен од болница
Атина, 30 ноември 2020 (МИА) – По 12 дена лекување со Ковид-19, поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос денеска беше пуштен од болница, јави дописничката на МИА од Атина. Од атинската болница „Евангелисмос“ соопштија дека кусо пред 16 часот, Јеронимос бил пуштен. Архиепископот Јеронимос на 19 ноември, со благи симптоми на коронавирусот, беше примен во болница откако добил позитивен резултат на тестот за Ковид-19, направен два дена претходно. ср/сд/

Остани поврзан