• понеделник, 23 декември 2024

Погба ја обжали четиригодишната суспензија

Погба ја обжали четиригодишната суспензија

 

Лозана, 3 април 2024 (МИА) – Светскиот фудбалски првак со репрезентацијата на Франција од Мундијалот во 2018 година, Пол Погба, поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) на четиригодишната суспензија која му беше изречена поради кршење на антидопинг правилата.

„Пол Погба поднесе жалба на одлуката на Националната антидопинг организација на Италија. Во моментов нема други информации“, соопшти денеска највисокиот спортски суд со седиште во Лозана.

На 29 февруари, францускиот фудбалер од средниот ред на Јувентус, Погба, доби четиригодишна суспензија поради прекршување на антидопинг правилата.

Првиот допинг тест на Погба на 20 август лани по првенствениот дуел меѓу Јувентус и Удинезе, кој Французинот го проследи од клупата за резерви, покажа зголемено ниво на тестостерон во крвта, а на 6 октомври и вториот допинг тест, исто така, беше позитивен. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан