• вторник, 24 декември 2024

Погба почна да тренира во потрага по нов ангажман

Погба почна да тренира во потрага по нов ангажман

Мајами, 15 ноември 2024 (МИА) - Не му е лесно на Пол Погба во последно време. Беше при крај на кариерата, а сега работите изгледаат подобро бидејќи е пред раскин на договорот со Јувентус и потрага по нов клуб, пишува „Скај“. Погба започна со индивидуални тренинзи додека се подготвува за долгоочекуваното враќање во професионалниот фудбал.

Велат дека оние кои летаат високо паѓаат ниско, а францускиот репрезентативец во 2018 година беше еден од главните играчи на селекцијата која го освои Светското првенство во Русија. Таа година тој беше можеби најдобриот играч од средниот ред на планетата, никој не можеше да му парира на средината на теренот со извонреден дриблинг и извонредна способност да најде кој било соиграч насекаде на теренот.

После тоа, ненадеен пад на формата, лоши резултати во Јунајтед и враќање во Јувентус, каде што се проби на фудбалската сцена. Сето тоа кулминираше во август минатата година кога беше суспендиран на четири години поради позитивен допинг тест, каде беше утврдено дека користел супстанции за зголемување на тестостеронот.

Неговата жалба е прифатена, поради што казната е намалена на година и пол, па од јануари може повторно да тренира со клубот, а првиот професионален натпревар да го одигра во март 2025. Медиумите пренесуваат дека Погба започнал со индивидуални тренинзи во Мајами, и се подготвува за враќање на фудбалот. Тој веќе нема желба да соработува со Јувентус, а на мета е некој од клубовите во САД или на Арапскиот Полуостров, а не би се жалел доколку неговиот следен ангажман е меѓу учесниците на Светското клупско првенство следната година, додава англиското издание. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан