• среда, 25 декември 2024

Повторно отворен аеродромот во Нова Каледонија

Повторно отворен аеродромот во Нова Каледонија

Париз, 16 јуни 2024 (МИА) - Главниот аеродром на француската прекуморска територија Нова Каледонија повторно ќе биде отворен за сообраќај откако беше затворен еден месец поради големите судири меѓу полицијата и милитантните борци за независност.

Аеродромот Ла Тонтута, кој го поврзува главниот град на Нова Каледонија Нумеа со летови до Сиднеј, Токио, Сингапур и други места, повторно ќе биде отворен в понеделник, се вели во денешното соопштение на високиот комесар на територијата.

Донесена е и одлука полицискиот час да се скрати за околу два часа, поради „подобрување на ситуацијата и да се олесни постепеното враќање во нормален живот, се вели во соопштението на високиот комесар.

Насилството што избувна на 13 мај поради контроверзните реформи за гласачкото право остави девет мртви, вклучително и двајца жандарми, и голема материјална штета. Како што започна кампањата за предвремените парламентарни избори во Франција, францускиот претседател Емануел Макрон ги суспендираше реформите кои би ги промениле избирачките права во Нова Каледонија.

Туристите заробени поради затворањето на аеродромот беа евакуирани со воени авиони. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан