• сабота, 23 ноември 2024

Повторно одложена премиерата на новиот „Џејмс Бонд“ филм

Повторно одложена премиерата на новиот „Џејмс Бонд“ филм
Лос Анџелес, 22 јануари 2021 (МИА) - Прикажувањето на новиот „Џејмс Бонд“ филм - „Нема време за умирање“ (No Time to Die), e повторно одложенo - овојпат за 8 октомври, oвaa 2021 година. Последната инкарнација на Даниел Крејг како „агентот 007“ првично требаше да се појави во кината во октомври 2019 година, но беше одложена неколкупати - прво поради промена на режисерот, а потоа и поради коронавирусот. И низа други филмови се одложени поради пандемијата. „Ворнер брос“ претходно веќе еднаш најави планови за интернет-премиери на сите свои филмови во 2021 година во истовреме како и во киносалите на САД. Сепак, креаторите на „Нема време за умирање“ во мигов ја исклучуваат можноста филмот да биде првично објавен на некоја стрим-платформа. Гласноговорник на „Метро Голдвин Мејер“ за списанието „Варајети“ во октомври изјави дека студиото сака „да го зачува киноискуството“ за обожавателите на „Џејмс Бонд“ филмовите.  си/

Остани поврзан