• среда, 18 декември 2024

Повторно невреме и поплави од пороен дожд вечерва зафати населени места во Лозово

Повторно невреме и поплави од пороен дожд вечерва зафати населени места во Лозово

Велес, 31 мај 2022 (МИА) - Пороен дожд и поплава вечерва околу 19 часот ги зафати населените места Милино и Ѓуземелци во општина Лозово и патот меѓу нив е непрооден поради кал и вода,  информираше за МИА Бошко Цветковски, градоначалник на Општина Лозово.

Општината подржана со механизација на ЈКП „Лозово“ од Лозово вечерва интензивнo  работи на расчистување и оспособуување на овој патен правец помеѓу  селата Милино и Ѓуземелци.

Поради поројниот  дожд,  има оштетување и  неколку часа прекин на електричната енергија во  селото Ѓуземелци. 

-Повикани се екипи на ЕВН кои треба да го отстранат дефектот, за жителите од ова населено место повторно да добијат струја во своите домови, рече  Бошковски.

Ова е трето невреме во Лозово за само една недела. На 28 мај околу 23 часот   силно невреме  со зрна од град поголеми од орев  ги зафати населените места Лозово, Дурфулија и дел од Каратманово. Уништени беа лозовите и овошните насади ,пластениците под раноградинарски култири. Оштетени од градот и пробиени беа  и некои од азбестните покриви на куќите, оштетени  и голем број  автомобили и искршени стакла како и возниот парк на Општина Лозово.

Првото невреме  со силен ветер беше на 25 мај вечерта во 18 часот, во кое беа откорнати дрвја, покрив од куќа, магацини, имаше оштетување на електромрежата во селата Милино, Сарамзалино, Дурфулија и Аџиматово,к ои по неколку часа останаа без електрична енергија.

Советот на Општина Лозово вчера  формираше Комисија за утврдување на штетите, а локалната власт ги повика жителите кои претрпеле штета од невремето да пријават кај Комисијата, по што таа ќе излезе на терен за утврдување на штетата. ад/хс/ 

Остани поврзан