• сабота, 28 декември 2024
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

„Повторно заедно’“ во Градскиот парк во Скопје

„Повторно заедно’“ во Градскиот парк во Скопје

Скопје, 21 април 2024 (МИА) - Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи настанот „Повторно заедно“, во организација на Здружението „Аутизам ААМК“. Настанот се организира по петти пат во април - месец посветен на зголемувањето на свесноста за лицата со аутизам, нивно прифаќање, почитување и инклузија.

-„Повторно заедно“ и годинава ќе биде огромна игротека на отворено, со бројни активности: кошарка, ракомет, „Не лути се човече“, големи сложувалки, спортски вежби, забава, музичко и ликовно катче, како и базарче со изработки од лица со атипичен развој. Сцената на Школка ќе биде богата и шаренолика со бројни настапи, како на типични, така и на атипични деца. Настанот е од отворен тип, добредојден е секој кој сака да сподели и да добие љубов, соопштија организаторите.бт/цр

Фото: Здружението „Аутизам ААМК

Остани поврзан