• сабота, 06 декември 2025

Повторно е активиран пожарот во Никуштак, екипите на терен

Повторно е активиран пожарот во Никуштак, екипите на терен

Куманово, 17 септември 2025 (МИА) - Пожарот кој беше активен минатата недела во липковското село Никуштак повторно е активиран, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.

- Повторно има пожар. Екипите на кумановската подружница на „Македонски шуми“ се на терен, потврди заменик-директорот на претпријатието, Кире Михаилов.

Минатата недела речиси постојано имаше пожар на оваа локација. Беше зафатена нискостеблеста, деградирана, но и дабова шума на тешко пристапен терен.

Во гасењето на пожарот покрај екипи на „Национални шуми“ беа вклучени и хеликоптер и авиони кои интервенираа  од воздух. ам/дма/

 

Фото: Принтскрин, пожар во липковско

Остани поврзан