• сабота, 28 декември 2024

Повторно антивладини протести во Ереван

Повторно антивладини протести во Ереван
Ереван, 23 февруари 2021 (МИА) - Неколку илјади луѓе синоќа протестираа во главниот град на Ерменија, Ереван, барајќи оставка од премиерот Никол Пашињан.
Демонстрантите блокираа неколку главни улици во Ереван, а протести се најавени и за денеска. Протестите во Ерменија почнаа во ноември минатата година кога Пашињан потпиша мировен договор со посредство на Русија, според кој поголем дел од Нагорно-Карабах му припадна на Азербејџан. Со потпишувањето на договорот заврши 44-дневниот судир помеѓу Ерменија и Азербејџан при што загинаа илјадници луѓе. Пашињан одби да поднесе оставка истакнувајќи оти мировниот договор е „болен, но неопходен чекор со кој е спречен Азербејџан да го заземе целиот регион Нагорно-Карабах“. ми/

Остани поврзан