• недела, 06 октомври 2024

Повреден 18-годишен возач откако со возило удрил во паркирани возила во кумановско Бедиње

Повреден 18-годишен возач откако со возило удрил во паркирани возила во кумановско Бедиње
Куманово, 5 февруари 2021 (МИА) - Возач е повреден и пренесен во Ургентен центар Куманово во сообраќајната несреќа што се случи попладнево во кумановско Бедиње, откако возилото со кое управувал изгубило контрола и удрило во три паркирани возила, потврди СВР Куманово. Сообраќајната несреќа се случила помеѓу едно патничко возило и три паркирани возила денеска околу 17 часот на
улицата „11 Ноември“ во Куманово. - Возачот С.И.(18) од село Опае кој управувал патничко моторно возило „Опел Зафира“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола на возилото и удрил во три паркирани возила. По незгодата возачот С.И. бил пренесен во Ургентен Центар, Куманово, а по укажаната лекарска помош му биле констатирани телесни повреди, соопштија од СВР Куманово. Кумановската полиција извршила увид на местото на несреќата.ам/фф/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан