• недела, 24 ноември 2024

Повреден работник на ЈП „Македонија пат“ при извршување работни задачи

Повреден работник на ЈП „Македонија пат“ при извршување работни задачи

Скопје, 17 декември 2023 (МИА) - Во Здравствен дом Крива Паланка со повреди бил донесен Д.З., на возраст од 49 години. Тоа, според пријавата синоќа во 20.05 часот во ОВР Крива Паланка, соопшти Министерството за внатрешни работи.

- Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во Јавното претпријатие „Македонија пат“, се појаснува во соопштението.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Крива Паланка. бд/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан