• понеделник, 29 јули 2024

Повреден работник од Радовиш при извршување работни задачи во приватна фирма

Повреден работник од Радовиш при извршување работни задачи во приватна фирма

Скопје, 15 јули 2023 (МИА) - Во Полициската станица Радовиш, од Здравствен дом Радовиш вчера било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен А.П.(20) од с.Јаргулица, Радовишко, се наведува во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во приватна фирма. Посочуваат дека бил извршен увид.фф/мд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан