• среда, 28 август 2024

Повреден пожарникар од Струмица при гаснење пожар

Повреден пожарникар од Струмица при гаснење пожар

Струмица, 2 август 2024 (МИА) - При интервенцијата за гаснење на запалена сува трева и ниска деградирана шума во атарот на село Зубово, еден пожарникар, припадник на ТППЕ Струмица, е повреден, односно му е скршено едно ребро, соопштија струмичките пожарникари.

-По извршените лекарски прегледи му е дадена соодветна терапија и е испратен на домашно лекување, стои во информацијата од ТППЕ Струмица.

Инаку во текот на вчерашниот ден струмичките пожарникари имале осум интервенции на запалена сува трева, стрниште, ниска шума, депонии и автомобил.рт/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан