Повреден мотоциклист во сообраќајка на „Рузвелтова“ во Скопје
- Во сообраќајка што се случила утрово околу 09.50 часот на ул„Рузвелтова“ во Скопје, според првичните информации, со повреди се здобил мотоциклист, кој бил пренесен во Градската општа болница
![Повреден мотоциклист во сообраќајка на „Рузвелтова“ во Скопје](https://new.mia.mk/index.php/images/20221113181942_big_730x400_8.webp )
Скопје, 18 јули 2022 (МИА) - Во сообраќајка што се случила утрово околу 09.50 часот на ул. „Рузвелтова“ во Скопје, според првичните информации, со повреди се здобил мотоциклист, кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош.
Во СВР Скопје, информираа за МИА, било пријавено дека на ул. „Рузвелтова“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и мотоцикл со скопски регистарски ознаки. Притоа, со повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош.
На местото на сообраќјката се уште се врши увид. мс/цр