• недела, 28 јули 2024

Повредени двајца работници во Пробиштип

Повредени двајца работници во Пробиштип
Штип, 12 април 2022 (МИА) - Во Пробиштип двајца работници се повредени на своите работни места, едниот во рудник, а вториот во фабрика. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека вчера во 11.40 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош бил донесен 22 годишниот  И.Ј. од село Соколарци, Општина Чешиново -Облешево, кој се повредил за време на работа во рудник во Пробиштип. Вториот настан е пријавен во 13.40 часот во Полициската станица Пробишти. - Од  Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош бил донесен 56 годишниот Б.Т. од село Злетово, пробиштипско, кој се повредил за време на работа во фабрика во Пробиштип. Се работи на расчистување на двата  случаи, се вели во соопштението од СВР-Штип. Во рок од два дена во Пробиштип на работните места се повредени тројца рудари и еден работник во фабрика. вдј/цр

Остани поврзан