• сабота, 23 ноември 2024

Повредениот полицаец во нападот во Мајнхајм е ставен во индуцирана кома

Повредениот полицаец во нападот во Мајнхајм е ставен во индуцирана кома

Манхајм, 1 јуни 2024 (МИА) - Полицаецот кој вчера беше повреден во нападот со нож за време на антиисламски настан во германскиот град Манхајм е ставен во индуцирана кома, изјави полициски портпарол, јави ДПА.

-Тој останува во критична состојба, изјави портпаролот на канцеларијата на државната криминалистичка полиција.

Нападот се случи вчераутро за време на настан организиран од движењето Pax Europa. Во нападот беа повредени и неколку други лица, а напаѓачот бил опериран и во моментов не може да биде сослушан, изјави портпаролот. 

Мотивот за нападот се уште останува нејасен, потсети германската агенција.

Неколку медиуми објавија дека осомничениот е 25-годишник од Херат, Авганистан, кој живее во јужен Хесен. Според безбедносни извори, тој е оженет со Германка, со која имал две деца, пренесе ДПА. сд/

фото:ДПА

Остани поврзан