• петок, 27 декември 2024

Повредена жена пронајдена на автопат кај Демир Капија

Повредена жена пронајдена на автопат кај Демир Капија

Демир Капија, 13 јули 2024 (МИА) - Повредена жена била пронајдена синоќа на автопатот кај Демир Капија, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. 

- Синоќа во 19:50 часот на автопатот А1 Демир Капија - Неготино, по наплатна станица „Демир Капија“, покрај десната коловозна лента, полициски службеници од ОВР - Неготино ја пронашле С.М., на возраст од 49 години од Република Србија, која била со повреди на телото. Извршен е разговор со нејзиниот сопруг Б.М., на возраст од 52 години од Република Србија, кој кажал дека враќајќи се со С.М. и нивните малолетни син и внука од одмор од Република Грција, С.М., која имала здравствени проблеми физички го нападнала, по што настанала физичка пресметка и тој го запрел возилото, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон граничен премин „Табановце“, појаснија од СВР - Велес. 

Од страна на Итна медицинска помош - Неготино на С.М. и била укажана лекарска помош, по што била пренесена во здравствена установа „Негорци“. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. свд/фф/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан