• сабота, 31 август 2024

Три жени повредени во сообраќајка кај „Мавровка"

Три жени повредени во сообраќајка кај „Мавровка

Скопје, 8 јули 2024 (МИА) - Три жени се повредени денеска во сообраќајната несреќа, која се случи кај ТЦ „Мавровка“, откако автобус излета од коловозот.  

Од Итната медицинска помош за МИА потврдија дека се повредени три жени, од кои едната се пожалила на болки во колкот, а другите две се здобиле со полесни повреди. Сите три со возило на Брза помош се пренесени во Клиниката „Свети Наум Охридски“.

На местото на сообраќајката е излезена полицијата, која врши увид, а повеќе детали најавуваат за подоцна. бд/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан