• четврток, 26 декември 2024

Поволна безбедносна состојба на битолското подрачје во првата половина од 2022 година

Поволна безбедносна состојба на битолското подрачје во првата половина од 2022 година
Битола, 31 октомври 2022 (МИА) - Полициската станица од општа надлежност - Битола информира дека во текот на првото полугодие од 2022 година безбедносната состојба на тоа подрачје се оценува како поволна. Според извештајот, состојбата во областа на јавниот ред и мир во текот на првото полугодие е стабилна и не се регистрирани нарушувања во поголем обем, додека јавните собири на граѓаните се одржани мирно без инциденти и не се предизвикани безбедносни импликации. На подрачјето на ПС од ОН Битола во текот на првото полугодие од 2022 година сторени се 134 прекршоци, а најзастапени прекршоци според видот се физички напад 45, учество во тепачка 14, оддавање на пијанство на јавни места, три прекршоци фрлање и кршење на разни предмети, 21 прекршување омаловажување на полициски службеници и други. Како причина за извршување на прекршоците од областа на јавниот ред и мир се влошени меѓучовечки односи, нерешени имотно-правни односи, нарушени семејни односи, прекршок под дејство на алкохол и други, посочуваат од СВР-Битола. Најголем број од сторителите на прекршоци се невработени лица, вкупно 164, а по однос на старосната структура, најголем дел се лица постари од 25 години. Од Полиската станица со Општа надлежност - Битола најавуваат дека во наредниот период заради обезбедување на стабилен јавен ред и мир на подрачјето ќе се преземаат зајакнати мерки и активности со покривање на сите пунктови и жаришта каде може да дојде до нарушување на јавниот ред и мир. мт/фф/

Остани поврзан