• четврток, 26 декември 2024

Повозрасните Швајцарци ќе можат два часа да шетаат под надзор на полицијата

Повозрасните Швајцарци ќе можат два часа да шетаат под надзор на полицијата
Цирих, 20 март 2020 (МИА) - На повозрасните лица во швајцарскиот кантон Ур од денеска им е дозволено да излезат од своите домови само на два часа и тоа поради шетање на свеж воздух, а ќе бидат обезбедувани од полицијата. Одлуката е донесена откако припадниците на најчувствителната популација не ги почитуваа препопраките за ограничување на движењето поради сопствена заштита од епидемијата со новиот коронавирус. Швајцарските власти соопштија дека повозрасните лица не се придржувале до превентивната мерка против Ковид-19. Во Швајцарија регистирани се 4.222 лица инфицирани со новиот коронавирус, од кои 43 починале. ми/

Остани поврзан