• недела, 24 ноември 2024

Повлечено првото јапонско целосно автономно возило

Повлечено првото јапонско целосно автономно возило

Токио, 30 октомври 2023 (МИА) - Воопшто првиот пилот-проект за целосно самоуправувачко возило во Јапонија е ставен во мирување по мала несреќа со паркиран велосипед, соопштија властите денеска.

„Возилото удрил во велосипед паркиран покрај патот. Ја прекинуваме операцијата додека не се разјасни причината за инцидентот. По несреќата нема повредени“, се вели во извештајот.

Возилото налик автобус без возач, слично на електричен „Голф“, почна со работа во Префектурата Фукуи во средишна Јапонија во мај. Јапонските власти лани дозволија самоуправувачки возила на ниво 4 на патиштата, што значи дека тие можат да работат само во ограничена област. А, ова, според некои познавачи, е најновиот удар за напорите ширум светот за промовирање на возила без возач, технологија со посебни можни придобивки за стари лица во земјата.

Истрагата е во тек. Возилото, инаку, опремено со сензори и радари да избегнува пречки, возело со максимална брзина од 12 километри на час.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан