• вторник, 24 декември 2024

Повисоки цените на производителите на индустриски производи

Повисоки цените на производителите на индустриски производи
Скопје,  28 јуни 2021 (МИА) - Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај годинава се повисоки за 0,6 отсто на месечно и за 6,1 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Во мај 2021, во споредба со април 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите интермедијарни производи, освен енергија за 2,5 отсто и капитални производи за 0,3 отсто. Во мај 2021, во споредба со мај 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите енергија за 12,9 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 3,6 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 10,7 отсто, нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 отсто и капитални производи за 0,7 отсто.скс/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан