• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Повик за учество на млади поети на „Скопје СИ ТИ“ во рамките на „Денови на поезијата“ во Скопје Сити Мол

Повик за учество на млади поети на „Скопје СИ ТИ“ во рамките на „Денови на поезијата“ во Скопје Сити Мол

Скопје, 3 март 2025 (МИА) - Во периодот од 20 до 23 март и годинава, Скопје Сити Мол заедно со Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“, ПНВ Публикации, Култура Бета и други чинители го организира проектот „Денови на поезијата“ со низа настани што ја промовираат поезијата.

-Како и минатата година, така и оваа, го организираме и настанот наменет за поддршка на младите поети „Скопје СИ ТИ“ ‒ поетско читање на млади поети и поетеси почетници, за оние што можеби и не објавиле ништо досега, нудејќи им шанса да бидат прочитани, видени и слушнати, велат организаторите.

Заинтересираните учесници треба да се на возраст од 16 до 25 години и да испратат куса биографија и две свои песни во Word документ на мејлот kulturabeta@yahoo.com најдоцна до 14 март.

Имињата на одбраните поети учесници на настанот ќе бидат објавени на 17 март на фејсбук и на инстаграм страниците на Култура Бета и ПНВ Публикации, а настанот ќе се одржи во Скопје Сити Мол на 23 март, со почеток од 18:00 часот. сст/дма/

фото ПНВ Публикации

Остани поврзан