• петок, 27 декември 2024

Повик за учество во унапредување на содржината на учебниците од прво до трето одделение

Повик за учество во унапредување на содржината на учебниците од прво до трето одделение

Скопје, 26 ноември 2024 (МИА) - Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Педагошката служба ги повикуваат сите наставници и целата стручна јавност да ги достават забележаните грешки во учебниците за основното образование од прво до трето одделение.

Целта на повикот, кој МОН го објави на својата веб-страница, е подобрување на квалитетот на учебниците и исправка на технички и евентуални стручни грешки. Во објавениот повик е достапен образец кој треба да се пополни. 

-Забелешките се доставуваат со пополнување на образецот во кој треба да се наведе учебникот, наставниот предмет, авторот/авторите, одделението, наставниот јазик и увидената грешка, со страницата на којашто се наоѓа, се наведува во повикот. 

Пополнетиот образец треба да се достави на електронските адреси:  bro.macedonia@bro.gov.mk и robert.adzipetrov@mon.gov.mk, најдоцна до 15 декември 2024. хс/aa/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан