• петок, 26 јули 2024

Повик за предлог проекти за Програмата за мали грантови на СЕЛДИ

Повик за предлог проекти за Програмата за мали грантови на СЕЛДИ

Скопје, 24 јуни 2024
 
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во име на Мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ) го објавува регионалниот Повик за предлог проекти за Програмата за мали грантови на СЕЛДИ „Финансиска поддршка за грасрут и младински граѓански организации кои ги вклучуваат граѓаните“ (референтен бр. 10-46/1-2024). Повикот за предлози е во рамките на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, финансиран од Европската унија.

Општата цел на овој повик за предлог проекти е да се обезбеди поддршка на локалните граѓански организации во спроведувањето на агендата на ЕУ и регионалната агенда за борба против корупцијата во целните земји, во согласност со прашањата идентификувани во Регионалниот антикорупциски извештај (РАР) на СЕЛДИ, документите за политики на СЕЛДИ и најновите извештаи за проширување за целните земји.

Индикативниот износ наменет за Програмата за мали грантови е 292.500 евра.

Минимален износ на грант: 7.000 евра;
Максимален износ на грант: 10.000 евра.
Крајниот рок за поднесување на концепт ноти е 1 август 2024 година, 16.00 часот по средноевропско време (ЦЕТ).

Онлајн информативна сесија за овој повик за предлози ќе се одржи на 28 јуни 2024 година во 11:00 часот по средноевропско време на ZOOM (ЛИНК за информативната сесија). Организациите заинтересирани да присуствуваат на информативната сесија можат да се регистрираат на ОВОЈ ЛИНК.


Граѓански ресурсен центар

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан