• сабота, 23 ноември 2024

Повик за доставување предлози за одбележување јубилеи во соработка со УНЕСКО за 2026-2027

Повик за доставување предлози за одбележување јубилеи во соработка со УНЕСКО за 2026-2027

Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) - УНЕСКО ги повикува земјите членки да поднесат предлози за одбележување јубилеи на историски настани и еминентни личности во периодот 2026-2027 година, кои имаат универзално значење и придонеле во промоција на мирот, разбирањето и зближувањето на односите меѓу луѓето.

-За таа цел УНЕСКО би се вклучил во одбележувањето на јубилеите предложени од страна на државите  членки, со што би им се дало поголемо светско значење и признание, објави Министерството за образование и наука. 

Повеќе информации за критериумите за поднесувањето предлози за јубилеј на личност/настан се достапни на линкот: https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000391504_eng.

Во повикот објавен на веб-страницата на МОН е дпостапен форумулар кој пополнет треба да се достави во електронска форма до: tkraljevska@kultura.gov.mk најдоцна до 2 декември 2024.

-Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија по добиените предлози ќе изврши дефинитивна селекција на два предлога за јубилеи и ќе ги достави до УНЕСКО. Предност ќе им се даде на предлози кои промовираат родова рамноправност, се наведува во повикот што го објави МОН. хс/ев/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан