• петок, 27 декември 2024

Повик за дизајн на лого за 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Јапонија и Северна Македонија

Повик за дизајн на лого за 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Јапонија и Северна Македонија

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија објави јавен повик за изработка на дизајн на лого за 30 години од дипломатски односи помеѓу двете земји. 

- Целта на овој натпревар е да се вклучат дизајнерската заедница, професионалци од областа на графичкиот дизајн и уметници, креативни ентузијасти, како и млади таленти во Северна Македонија да создадат заедно со Амбасадата на Јапонија дизајн кој ќе ја долови суштината на овој многу важен пресврт во односите помеѓу нашите две земји, соопшти Амбасадата на Јапонија во земјава.

Концептуалното решение треба графички и симболично да го покаже пријателството помеѓу двете земји и заедничките вредности кои ги споделуваме. Треба да има можност да се користи на печатени документи и брошури, како и на веб-сајтови и социјални медиуми.

Највисоко оценети ќе бидат оние идејни решенија кои ќе бидат едноставни, модерни, но со значење. Изборот ќе биде направен од претставници на Јапонската амбасада.

Секој учесник може да поднесе едно или најмногу три идејни решенија. Концепт решенијата се поднесуваат на e-mail адресата contact@sk.mofa.go.jp, не подоцна од 20 октомври 2023 година (полноќ). Покрај концептуалното решение, неопходно е да се наведат податоци за креаторот - име и презиме, телефонски број за контакт.

Потребно е учесниците да вклучат краток опис на нивниот дизајн и инспирација кога го поднесуваат предлогот.

- Основни технички барања: Графички предлог за лого и неговите предложени употреби (Логото треба да биде во векторски формат.) Независно авторство на сите елементи - ако се користат дополнителни елементи, тие, исто така, треба да бидат поднесени како посебни графички елементи. Ако фајлот надминува 10 MB треба да користите надворешен линк за преземање. Препорачани графички формати: .pdf .ai, .png, стои во соопштението.

Со поднесувањето на свој дизајн, учесниците се согласуваат авторските права на победничкиот дизајн да се префрлат на Амбасадата на Јапонија, која потоа може да го користи, измени и дистрибуира логото за промотивни и славенички цели.

Сите заинтересирани доколу имаат прашања можат да пишат на следниот маил: biljana.taneska@sk.mofa.go.jp мд/дма/

Остани поврзан