• сабота, 23 ноември 2024

Повик до Фон дер Лајен за подобрување на транспарентноста за заштита на европската демократија

Повик до Фон дер Лајен за подобрување на транспарентноста за заштита на европската демократија

Брисел/Келн, 15 јули 2024 (МИА) - Неколку организации што се залагаат за транспарентност денеска ја повикаа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, доколку биде реизбрана на функцијата, една од нејзините први официјални активности да биде „конечно признавање“ на заканата за демократијата на Европската унија и да се обезбеди правилно спроведување на правилата за транспарентност, што се потребни за управување со процесот на креирање европски политики.

Во отвореното писмо упатено до Фон дер Лајен, организациите Опсерваторија на корпоративна Европа, Лоби контрол, Транспаренси интернешнал ЕУ и Гуд лоби предупредија дека европската демократија е во опасност.

„Авторитарните држави надвор од ЕУ имаат за цел да ги дестабилизираат институциите на ЕУ. Екстремно десничарските партии со авторитарна агенда сега имаат една четвртина од местата во Европскиот парламент. Во исто време, лобистите со сомнителни намери имаат корист од лошо спроведените правила на ЕУ за лобирање“ се наведува во писмото од Транспаренси Интернешнл ЕУ. паг/

Фото: МИА архива
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан