• сабота, 23 ноември 2024

Повеќе јавни здравствени установи добија нови в.д. директори

Повеќе јавни здравствени установи добија нови в.д. директори

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Министерот за здравство Арбен Таравари денеска именуваше нови в.д. медицински директори во повеќе јавни здравствени установи.

За в.д директор на Универзитетската клиника за уво нос и грло е именуван Игор Камшикоски, на Универзитетската клиника за дерматологија Катерина Дамевска, на Универзитетскиот институт за радиологија Соња Николова, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство Ирена Алексиоска-Папастиев, а на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболични нарушувања Танер Хасан. 

Нови в.д. директори се именувани и на Универзитетската клиника за психијатрија каде оваа функција ќе ја извршува Славица Арсова-Хаџиангелковска, на Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија Мери Трајковска, на Универзитетската клиника за нефрологија Никола Ѓоргиевски, на Универзитетската клиника за ревматологија Емилија Сандевска, а на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација функцијата в.д. директор ќе ја врши Злате Мехмедовиќ.

Министерот Таравари го именуваше Небојша Настов за в.д. директор на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и д-р Арѓент Муча на Општа болница „Д-р Ферид Мурад" Гостивар. сст/аа/

фото МИА архива

Остани поврзан