• сабота, 28 декември 2024

Повеќе спортски федерации ставени „под лупа“ по добиените претставки за нивната работа

Повеќе спортски федерации ставени „под лупа“ по добиените претставки за нивната работа
Скопје, 24 септември 2021 (МИА) - Сериозни сомнежи и индиции за манипулации и трошење на средства на граѓаните и на државата за неколку спортски федерации се пријавени преку претставки за кои денеска информираше Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, Љупчо Николовски, на заедничката прес-конференција со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Како што изјави Николовски, се работи за претставки за работата на Боречката и Скијачката федерација, а тоа охрабрило пријави и за други федерации помеѓу кои и Автомобилската и Пинг-понг федерацијата. - Тоа е уште еден голем успех, со тоа што граѓаните, и оние кои што имаат информации, поттикнати од постапувањето, не од непостапувањето, и од праќањето на пораките дека нема селективност, и нема неказнивост, во сите овие случаи, се охрабрени и стигнаа уште претставки кои што ќе бидат препратени или се веќе препратени, информираше Николоски. Дополни дека за претставките за првите федерации за кои што алармирале, во Агенцијата за млади и спорт веќе има соодветни постапки, а очекуваат и обвинителството и останатите истражни органи да дејствуваат. Од Агенцијата за млади и спорт за МИА изјавија дека процесот тече и е формирана комисија која работи на истиот, и доколку се увиди дека треба да се сноси одговорност, ќе бидат преземени понатамошни дејствија.ар/аа/  

Остани поврзан