• сабота, 23 ноември 2024

Повеќе починати од новозаболени од Ковид-19 во Тетовско, надлежните велат причина е несоодветна администрација

Повеќе починати од новозаболени од Ковид-19 во Тетовско, надлежните велат причина е несоодветна администрација

Тетово, 25 мај 2021 (МИА) -  Дневните извештаи на Институтот за јавно здравје покажуваат дека изминатата недела во тетовскиот регион има поголем број на починати отколку на новозаразени од Ковид-19, што надлежните го објаснуваат со несоодветна администрација. Од 17 мај до вчера, 24 мај, има 17 починати, а 14 нови заболени.

-Има голем број на случаи на починати од април и мај кај кои не биле комплетирани документите и администрацијата, па дури сега се заведени како починати. Пример во болницата во Тетово во неделата имаше само еден починат, а во извештаите влегле три лица.  Од друга страна нема ни толку многу луѓе на болничко лекување за да има поголема смртност. До неделата имаше четворица, еден почина и останаа тројца хоспитализирани. Така не станува збор за зголемена смртноста во болницата, објаснува д-р Гзим Нуредени, координатор на Ковид центарот.

Во амбулантата на ковид центарот во текот на 24 часа од понеделник, 24 мај, имало 37 лица за преглед. Според статистиката на Министерството за здравство заклучно со понеделник во Тетовско има 104 активни случаи. Во време на пандемијата вкупно биле заразени 7.207, а починале вкупно 319 лица. ас/мд/

Остани поврзан