• сабота, 23 ноември 2024

Повеќе од 900 луѓе починаа на аџилак, во Мека температурата достигна 51,8 степени

Повеќе од 900 луѓе починаа на аџилак, во Мека температурата достигна  51,8 степени

Мека, 19 јуни 2024 (МИА) - Бројот на починати за време на аџилакот во Саудиска Арабија надмина 900, јавија светските агенции, повикувајќи се на податоци од повеќе земји.

Семејствата и пријателите пребаруваа болници и бараа информации на Интернет, плашејќи се од најлошото откако температурата завчера во Мека, најсветиот град во исламот, достигна 51,8 степени Целзиусови.

Околу 1,8 милиони луѓе од целиот свет, многу стари и изнемоштени, учествуваа на повеќедневниот настан, главно на отворено.

Според информациите на саудиските власти, на годинешниот аџилак учествуваат аџии од Саудиска Арабија и уште 22 земји.

Аџилакот е должност што треба да се извршува еднаш во животот за сите муслимани кои се физички и финансиски способни да патуваат и кои веруваат во патот по кој пророкот Мухамед тргнал пред 1.400 години.

Стампедо, пожари во шатори, жештина и други фактори предизвикаа голем број смртни случаи за време на овој важен верски настан во последните 30 години. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан