• сабота, 23 ноември 2024

Повеќе од 80 мигранти вратени во Либија

Повеќе од 80 мигранти вратени во Либија
Триполи, 22 јануари 2021 (МИА) - Либиската крајбрежна стражаденеска во  Средоземното море пресретна брод со повеќе од 80 мигранти кои патуваа кон Европа. „Мигрантите се вратени во Либија и тие најверојатно ќе завршат во еден од центрите за мигранти каде условите за живот се лоши“, соопшти Агенцијата за миграција на Обединетите нации. „Од почетокот на годинава, околу 300 лица, вклучувајќи жени и деца, се вратени во земјата и сместени во центри за мигранти. Повторуваме дека никој не треба да биде вратен во Либија", се вели во соопштението. Либиската морнарица врати 86 мигранти, од кои седум жени и 19 деца, кои претходно ги пресретна во Средоземното море. паг/  

Остани поврзан