• недела, 28 јули 2024

Повеќе од 60 исчезнати по превртување на брод со мигранти близу Зеленортските Острови

Повеќе од 60 исчезнати по превртување на брод со мигранти близу Зеленортските Острови

Лондон, 17 август 2023 (МИА) - Брод со мигранти се преврте во близина на брегот на Кејп Верде во Атлантскиот Океан, а повеќе од 60 лица се водат како исчезнати, јавуваат локалните медиуми.

„Се стравува дека повеќе од 60 мигранти загинале откако бродот, кој тргна од сенегалското крајбрежје на почетокот на јули, се преврте кај островите Кејп Верде“, објави локалниот портал Сенего, цитирајќи ја изјавата на портпаролот на Меѓународниот Организација за миграција.

Како што јавува Анадолија, спасувачите во вторникот спасиле 38 лица, меѓу кои и четири деца на возраст од 12 до 16 години.

Бродот, наводно, го напуштил крајбрежниот град 145 километри северно од главниот град на Сенегал Дакар на 10 јули со повеќе од 100 патници на него. Шпански рибарски брод го забележал на околу 277 километри од островот Сал на островите Капе Верде и ги алармирал властите на островот.

Островот се наоѓа на 600 километри од брегот на Сенегал. ссм/

фото: архива

Остани поврзан