• среда, 25 декември 2024

Повеќе од 40.000 луѓе пред парламентот на Нов Зеланд во знак на поддршка на Маорите

Повеќе од 40.000 луѓе пред парламентот на Нов Зеланд во знак на поддршка на Маорите

Велингтон, 19 ноември 2024 (МИА) – Повеќе од 40.000 луѓе денеска се собраа пред Парламентот во Велингтон, Нов Зеланд, во знак на поддршка на правата на Маорите и против предложената легислатива што ќе го промени значењето на основниот договор од 1840 година меѓу Британија и домородните Маори.

Иако протестот беше насочен против законот кој ќе го промени толкувањето на клучниот договор меѓу Маорите и британската круна, многумина го гледаа како прослава на оживувањето на јазикот и идентитетот на Маорите, кои беа речиси уништени за време на колонизацијата.

Организаторите ја истакнаа важноста на борбата за правата на предците и генерациите што доаѓаат. Меѓу учесниците на протестот имаше луѓе кои не се Маори, многумина носеа знамиња за суверенитет на Маори или други знамиња, како што се знамињата на Самоа, Тонга, Австралија, САД, Израел и палестински знамиња.

Критичарите сметаат дека предложениот закон ќе предизвика уставна криза и ќе ги намали посебните права што им се доделуваат на Маорите по децениски прекршувања на нивните права. Иако не се очекува да се усвои никакво законодавство, повеќето се согласуваат дека протестот го одразува растечкото ниво на солидарност меѓу Новозеланѓаните од секакво потекло во однос на правата на Маорите. јт/

Фото: ЕПА илустрација

Остани поврзан