• среда, 27 ноември 2024

Повеќе од 4.000 луѓе се евакуирани од пограничните области на регионот Харков

Повеќе од 4.000 луѓе се евакуирани од пограничните области на регионот Харков

Харков, 12 мај 2024 (МИА) - Повеќе од 4.000 луѓе се евакуирани од пограничните области на украинската област Харков, изјави денеска регионалниот гувернер Олег Синегубов, цитиран од француските медиуми.

Потребата за евакуација се појави откако руските сили во петокот започнаа нова офанзива против регионот Харков.

-Вкупно 4.073 луѓе се евакуирани, напиша регионалниот гувернер Олег Синегубов на социјалните мрежи еден ден откако руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили зазеле пет села во Харковската област.

Синегубов пријавил дека 63-годишен маж е убиен денеска од артилериска граната во селото Глибоке и дека 38-годишен маж е ранет во пограничниот град Вовчанск.

Украина во петокот соопшти дека Русија извршила напад врз регионот Харков и дека постигнала мал напредок во пограничната област од која нејзините сили беа истиснати пред речиси две години.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера вечерта изјави дека украинските сили изведуваат контранапади во пограничните села на регионот Харков.

-Нашата задача број еден сега е да ги спречиме руските офанзивни планови, рече украинскиот лидер. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан