• вторник, 20 јануари 2026

Повеќе од 24 часа во целосен прекин сообраќајот Струга – граничен премин „Ќафасан“

Повеќе од 24 часа во целосен прекин сообраќајот Струга – граничен премин „Ќафасан“

Струга, 31 декември 2025 (МИА) - Повеќе од 24 часа во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот. 

Портпаролот на СВР Охрид за МИА информира дека на терен се преземаат мерки, но поради технички причини сеуште не е отстранета цистерната од коловозната лента. 

Патниците кон Албанија се пренасочуваат на граничниот премин Свети Наум кај Охрид или Блато кај Дебар. сс/са/

Фото СВР Охрид

Остани поврзан